Колектор се користи во системите за греење кога во зградата/системот има повеќе грејни кола што сакаме да ги регулираме според различни температурни и временски режими.
Основниот модел ги вклучува сите потребни материјали за склопување (држачи, завртки, дихтунзи итн.).
Колекторот е направен од цевки кои се лемат во печка на температура од 1100° C и се изолирани со EPP изолација.
Комплетот се нуди во четири верзии - во зависност од бројот на грејни кола (2/3/4/5).