Адреса: ул.Фјодор Достоевски бр.72, Влае
(поранешен објект на Маврово), 1000 Скопје, Македонија
Тел. +389 2/ 20 36 322; 20 38 353 Факс +389 2/ 20 48 057
Работно време: Понеделник-Петок 08-16 h и Сабота 8.30-12.30 h

За нас

Основање и развиток

Фирмата Металтерм ДОО е основана 1999 година. Основната дејност е увоз и трговија во 5 основни области: опрема за греење, опрема за водовод, индустриски инсталации, нерѓосувачки челици – прохром, ISOVER минерална волна. Во текот на овие години имаме воспоставено сопствена логистичка мрежа од магацини и транспорт во 3 градови во Македонија. Со седиште во Скопје на површина од 4.000 м2, подружница Охрид и подружница Прилеп. Имаме предност со оглед на нашата поставеност да држиме магацинска достапност на голем дел од производите, а за останатите грантираме брзи и куси рокови на испорака.

Тим

Во фирмата работат 17 вработени. Тимот е составен од високо стручни инженери и други професионални лица кои овозможуваат континуирана комуникација со клиентите со цел ефективно и ефикасно да им одговориме на нивните потреби како и да ги информираме околу сите новитети кои се случуваат на пазарот. Нашата цел е долгорочно да ги развиваме нашите знаења и вештини. Имаме воспоставено добри деловни односи на пазарот, каде што одржавме добра продажна позиција со висок квалитет на производите од нашите партнери. Нашиот тим има стекнато повеќегодишно комерцијално искуство заедно со голем број на професионални способности, како и добра соработка со клиентите и нивна поддршка во изборот на најповолно техничко и економско решение.

Добавувачи

Металтерм ДОО работи со големи и коректни партнери, главно од Западна Европа. Имаме стекнато доверба од околу 100на производители да ги диструбиураме нивните производи низ Македонија. Сите производи се придружени со сертификати и декларации кои гарантираат квалитет и безопасност за употреба во инсталациите.

Цел

Нашето главно правило е да одржуваме близок контакт со нашите клиенти се со цел да ги задоволиме нивните потреби, врз основа на сигурност и меѓусебна доверба. Нашата основна цел е континуирано подобрување на квалитетот на услугите на клиентите и обезбедување на производи со висок квалитет и стандарди како и проширување на асортиманот преку нови добавувачи.

Мото

Нашето мото е ЗАДОВОЛЕН КУПУВАЧ = ДОБРА УСЛУГА + ДОБРА ЦЕНA